Изгаснат е големиот пожар кој вчера до доцна во ноќта гореше на непристапен терен над Галичник. Месната заедница на социјалните мрежи соопшти дека противпожарните екипи со помош на припадниците на Армијата, успеале во текот на вечерните часови да ги изгаснат сите жаришта.
Според Центарот за управување со кризи, пријавата за пожарот ја добиле вчера во 13.30 часот. Зафатeна била борова шума на непристапен терен, а поради силниот ветар имаше потенцијална опасност за селото и куќите во Галичник. Беше ангажиран и хеликоптер на АРМ за да помогне во гаснењето на пожарот, но поради ветерот не можеше да дејствува.