Кога на местото на пожарот стигнаа пожарникарите, тој веќе беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Веднаш е побарано е ЕВН да ја исклучи струјата поради голема опасност за пожарникарите – спасители, што беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гаснеа пожарот
Изгаснат е пожар во магацини на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“-Струмица, информираат од струмичката противпожарна бригада.

Оттаму соопштија дека вчера поладне во 17:25 часот, во кругот на ЈПКД „Комуналец“ избувна голем пожар во објекти што се користат како магацини.
На терен се испратени четири противпожарни возила и 15 пожарникари.
„Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Побарано е ЕВН да ја исклучи струјата поради голема опасност за пожарникарите-спасители, што беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гаснеа пожарот“,
се вели во соопштението од струмучката противпожарна бригада.
Друг тим во тешки и опасни околности, особено поради дождот, изврши отварање на лимениот кров и овозможи обзбедување на просториите.
Според ТППЕ Струмица, пожарот е локализиран и изгаснат, но на местото се уште дежура еден тим поради целосна контрола.
Во пожарот е причинета и голема материјална штета.