Прашан колку пати дневно разговара со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тој кажа дека со него нема комуникација – ниту на дневно ниту на месечно ниво
Лидерот на партијата Демократско движење и пратеник во Собранието, Изет Меџити, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, вели дека носењето на уставните измени поврзани со Преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ ќе биде услов за евентуална коалиција по парламентарните избори, со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ.

Меџити вели дека за Албанците, но и за сите други граѓани на Македонија, приоритет над приоритетите е европската интеграција, и затоа нивниот став е јасен – носење на уставните измени со кои би се отворил патот на земјата кон Европската Унија. Тој вели дека Демократско движење нема по секоја цена да прифати да биде дел од некоја власт која нема да има приоритет „да ја започне работата со европските интеграции“.
„Ние немаме друг избор, друга алтернатива немаме. Ние себеси не се гледаме како дел од власт која нема
рече Меџити.
да има евроатланска ориентација. Ова сме го докажале пред две години, со придонесот на Кастриот Реџепи, а и мој со тоа што успеавме да ја задржиме Македонија на евроатлантскиот пат“,
Прашан колку пати дневно разговара со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тој кажа дека со него нема комуникација – ниту на дневно ниту на месечно ниво. Единствен фокус за Движењето, вели Меџити, е структурирање на програмата, идеите и унифицирањето на ставовите на албанската опозиција.