Пожарот избил околу 21 часот и зафатил сува трева позади фабриката, а според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот е веќе изгаснат
Пожар вечерва избувнал на стрниште зад скопската фабриката ОХИС.
Според информациите кои ги објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот избувнал вечерва нешто по 21 часот, а зафатена била сува трева зад фабриката.
„Пожарот бил во стрништа надвор од кругот на ОХИС, најверојатно на територијата на Аеродром“,
информираа вечерва од ЦУК.
Од ЦУК додаваат дека на терен интервенирале четири пожарникари и едно противпожарно возило, а оти пожарот е веќе изгаснат.
Оттаму посочуваат дека и покрај дождот кој вечерва го зафати Скопскиот регион, вечерва се добиени пријави за десетина пожари на територија на Скопје, кои се веќе изгаснати.
