На терен се интервенираше со четири возила и 12 пожарникари
Пожар попладнево избувна во станбен објект во Мичурин, но набргу беше изгаснат со интервенцијата на екипите од Противпожарната единица на Град Скопје.
Според информациите од Противпожарната единица, нанесена е материјална штета, но нема починати или повредени во текот пожарот.
На терен се интервенираше со четири возила и 12 пожарникари.