Комисијата за спроведување на избори за членови на Советот од редот на јавните обвинители денеска ги објави резултатите по извршениот избор од страна на јавните обвинители во Република Северна Македонија.
Изборот се спроведува по огласот објавен во Службен весник на РСМ бр.128/20 од 18.05.2020 година, од подрачјето на Вишите јавни обвинителства (ВЈО) во Битола, Гостивар, Скопје, како и од посебната листа на кандидати на јавните обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во земјава со изборни места како за општата листа.
„За член на Советот од подрачјето на Битола е избран Антонио Јолевски – јавен обвинител во ОЈО Битола, за член на Советот од подрачјето на Гостивар е избран Фаик Арслани – јавен обвинител во ВЈО Гостивар, за член на Советот од подрачјето на Скопје е избрана Фиданка Рајевска – јавен обвинител во ВЈО Скопје, за член на Советот од посебната листа на кандидати јавни обвинители кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Република Македонија е избран Коле Штерјев – јавен обвинител во ВЈО Скопје“,
се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
