Дритон Сулејмани, портпаролот на Централниот штаб на ВЛЕН, рече дека очекуваат победа во првиот круг во општините Чаир, Сарај, Тетово, Боговиње и Теарце
Процесот на гласање за локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини на земјата. Изборниот ден помина без поголеми неправилности, рече на денешната прес-конференција Дритон Сулејмани, портпарол на Централниот штаб на ВЛЕН.

„Оваа е сликата што ја сакаме за нашата земја. Фер и мирен процес, кој покажува дека демократијата се зајакнувa и дека граѓаните се свесни за тежината и значењето на нивниот глас. Им се заблагодаруваме на сите граѓани што денеска учествуваа во гласањето, докажувајќи висока демократска и граѓанска свест“,
рече Сулејмани.
Според него, по еден мирен и демократски ден, очекуваат добри резултати и победи во секоја општина, што ќе ја одрази довербата во нивната визија за развој и работа.
„Очекуваме од Државната изборна комисија (ДИК) фазата на затворање и броење на гласовите да се спроведе со целосна транспарентност, прецизност, професионалност, во согласно со законот“,
кажа тој.
Одговарајќи на новинарски прашања, рече дека голема излезеност има во општините Чаир и Сарај, близу 50 отсто, што значи дека овие граѓани се подготвени да дадат доверба на политиките на ВЛЕН.
„Тие ја препознаа работата на владата и оваа излезеност е потврда за тоа“,
вели Сулејмани.
Посочи дека очекуваат победа во првиот круг во општините Чаир, Сарај, Тетово, Боговиње и Теарце.