Одлуката следува по потврдувањето на конечната пресуда на Судот на БиХ со која Додик е осуден на една година затвор и забрана за вршење на оваа и други политички функции во земјата во следните шест години поради непочитување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе едногласна одлука за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Одлуката следува по потврдувањето на конечната пресуда на Судот на БиХ со која Додик е осуден на една година затвор и забрана за вршење на оваа и други политички функции во земјата во следните шест години поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит. Тој беше прогласен за виновен за потпишување на декрет за донесување закон што Шмит претходно го поништи.
По истекот на жалбената постапка, одлуката ќе стане конечна. Потоа, во рок од 90 дена се очекува да бидат распишани предвремени избори за претседател на ентитетот Република Српска.
Одбраната на Милорад Додик најави жалба до Уставниот суд на БиХ, во обид да ја оспори пресудата. Владата на Република Српска, исто така, објави дека не ја прифаќа второстепената пресуда на Судот на БиХ, оценувајќи ја за ја правно ништовна, неуставна и политички мотивирана.
Додик претходно изјави дека нема да се повлече од функцијата и покрај конечната пресуда.