Според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, по пребројани 75 отсто од гласовите, Нова демократија и натаму е во водство со 41,1 отсто поддршка, додека Сириза има 20,1 отсто, пренесува Катимерини
По пребројани 75 отсто од гласовите на парламентарните избори во Грција, Нова демократија на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис е со убедливо водство со 20 отсто разлика во однос на Сириза на Алексис Ципрас.
Според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, Нова демократија и натаму е во водство со 41,1 отсто поддршка, додека Сириза има 20,1 отсто, пренесува Катимерини.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, денеска излезеноста била 56,87 отсто, што е помалку од изборите во 2019. На претходните избори излегле 57,78 отсто од запишаните избирачи.
A surprisingly wide win for Mitsotakis' ND party in #Greece elections.
— Yannis Koutsomitis (@YanniKouts) May 21, 2023
• Disastreous result for Syriza, big trouble for Tsipras
• PASOK doing well
Official results, in 30.7% of polls:
• ND 41.1%
• Syriza 20.1%
• PASOK 12.7%
• KKE 6.7%
• Ellinikí Lysi 4.5%
? #εκλογες2023… pic.twitter.com/Lvxn5DtIWB
Меѓутоа, поради пропорционалниот модел, Нова демократија засега не го обезбедува потребниот минимум од 151 пратеник за да формира еднопартиска Влада, па така можно е на крајот од јуни или почетокот на јули да се одржат и вторите избори.
Во парламентот место обезбедуваат пет партии, кои успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто.