„Избори ќе има, не ги барајте премногу, ќе ги изгубите со многу поголема разлика отколку минатиот пат. Изборите ќе се одржат кога надлежните органи ќе одлучат, а неспособните не можат да бараат избори“, рече Вучиќ

„Ниш беше ослободен вечерва и на овој начин ќе го ослободиме секој град во Србија“, порача вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од централниот собир во Ниш на Движењето за народот и државата што неодамна тој го промовираше.
Во својот говор Вучиќ обвини дека милијарди евра биле инвестирани во уништување на Србија но, како што рече, обоената револуција не успеала. Порача дека Србија им припаѓа на сите нејзини граѓани и дека е подготвен да разговара со своите противници за да можат сите заедно да ја изградат земјата.
„Избори ќе има, не ги барајте премногу, ќе ги изгубите со многу поголема разлика отколку минатиот пат. Изборите ќе се одржат кога надлежните органи ќе одлучат, а неспособните не можат да бараат избори“,
рече Вучиќ.
Српскиот претседател рече дека земјата скапо платила за обидот за обоена револуција, но порача граѓаните да не очајуваат и дека мора посилно да се борат за Србија. Вучиќ повика проблемите и разликите да се решаваат во институциите, а не на улица.
„Дојдоа кај мене, конечно станав надлежен, но нема повеќе барања, не ме интересираат вашите барања, приказната е завршена. Да зборуваме за тоа како проблемите не се решаваат на улиците, туку проблемите и разликите ги решаваме во институциите. Нека се нервираат сите околу нас, додека ние се движиме напред како брз воз. Знам дека ќе одбијат, но ние повторно ќе подадеме рака, бидејќи знаеме дека Србија ни припаѓа на сите нас“,
рече тој.
Инаку, Србија со месеци се соочува со масовни студентски протести по падот на стреата на железничката станица во Ниш, трагедија во која загинаа 15 лица.