Џамиите во земјава од денеска се отворени откако минатата недела таква одлука на вонреден состанок донесе Исламската верска заедница (ИВЗ).
Ваквиот состанок следуваше по масовната литија во Струга за празникот Св. Ѓорѓија.
При носењето на одлуката за отворање, од ИВЗ наведоа дека се надеваат оти на таков чекор се одлучиле по подобрувањето на здравствената ситуација и се надеваат дека ќе наидат на разбирање кај државните институции, а посочија и дека уште од првите денови на пандемијата со ковид-19 ги прифатиле препораките и сугестиите на државните здравствени власти.
Џамиите во земјава се затворени речиси два месеци откако кон средината на март поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, соопшти дека нема да се одржуваат организирани молитви.
