Италијанскиот премиер Марио Драги денеска повика на „итен“ почеток на официјалните пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и побара „забрзување“ на преговорите со Србија и Црна Гора, пренесе Бета.
„Во време кога ЕУ го зајакна единството и ја поддржа Украина во борбата против руската офанзива, „целосната интеграција на земјите кои покажуваат европски аспирации не претставува закана за европскиот проект, тоа е дел од неговата реализација“,
изјави италијанскиот премеир во говор во Европскиот парламент во Стразбур.
Тој рече дека Италија поддржува „итно отворање на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Северна Македонија во согласност со одлуката донесена од Европскиот совет во март 2020 година“.
„Сакаме да им дадеме нов поттик на преговорите со Србија и Црна Гора и да покажеме поголемо внимание на легитимните аспирации на Босна и Херцеговина и Косово“,
додаде Драги.
