Ме сместија во болница наа 24 часа, ми дадоа лекови, мислам дека беше парацетамол. Потоа следуваа првите реакции. Ништо сериозно, за среќа, главоболка, замор, треперење, вели 23-годишната студентка од Пиза
Лекарите беа многу вознемирени и веднаш сфатив дека нешто не е во ред. Веднаш ми ја кажаа вистината, но не знаат какви можат да бидат последиците, вели 23-годишната Италијанка Вирџинија на која по грешка и биле вбризгани неколку дози вакцина „Фајзер“ одеднаш.
„Исплашена сум и сè ме боли. Имам главоболка, многу сум уморна, но жива сум“,
изјавила таа за „Кориере дела Сера“.
Според италијанскиот весник, иако првично беше објавено дека девојкатта примила шест дози, односно целото шишенце вакцина „Фајзер“, се покажало дека сепак примила четири дози. Поради тоа, таа поминала 24 часа во болница.
„Во неделата наутро во 10 часот отидов во болница да примам вакцина. Разговарав со докторот и потоа седнав да примам вакцина. Сестрата дојде со шприц“, вели студентката на Универзитетот во Пиза.
За вре ме на вакцинацијата не забележала ништо необично.
„Јас ги сликам иглите и затоа никогаш не гледам во оној што ми става инјекции. Но, штом ме вкцинираа, веднаш сфатив дека нешто не е во ред. Сестрата беше вознемирена, многу исплашена. Таа разговараше со докторот. Ме повикааи ми објаснија сè и рекоа дека ќе ме хоспитализираат на 24-часовно набудување “,
вели таа.
Како што вели, кога ги слушнала вестите, најпрво помислила дека сонува, а потоа станала бела како крпа.
„Мислев дека сонувам. Се плашев, се разбира. Лекарот и медицинската сестра ми ја кажаа целата вистина и не криеја ништо“,
објаснува Вирџинија.
Набргу потоа, таа била сместена во болницата за набудување.
„Ми дадоа лекови, мислам дека беше парацетамол. Потоа следуваа првите реакции. Ништо сериозно, за среќа, главоболка, замор, треперење“,
вели таа.
Вели дека сега се чувствува подобро, но сепак е многу уморна.
„Јас сум под стрес. Имам силна болка на местото, целата рака ме боли и се плашам. Сега чекаме да видиме што ќе се случи. Никој не знае точно какви ќе бидат последиците. Некој дури рече дека наместо прекумерно производство на антитела, како што може да се очекува да се случи, можеби ги немам. Се чини дека предозирање го поништува секој ефект“,
рече таа.
Таа нема да ја тужи болницата, но ако треба повторно да се вакцинира, нема да се двоуми. Како што вели само една доза.