Во последните 24 часа во Италија од коронавирусот починале уште 651 лице, со што бројот на жртвите се зголеми на 5 476, соопштија вечерва италијанските здравствени власти.
Вчера за 24 часа беа регистрирани 793 починати.

Во Италија од ковид-19 се заболени 59 138 лица, односно бројот на новозаболени порасна за 10,4 отсто, што е најмал раст откако болеста се појави на 21 февруари, пренесуваат британските медиуми.
Од вкупниот број на заразени од вирусот, досега заздравиле 7 024 лица, а на интензивна нега сè уште се наоѓаат 3 009 лица.
Најпогоден е регионот Ломбардија, каде што се регистрирани 3 456 смртни случаи и 27 206 заболени од ковид-19.