Од денеска Италија влегува во нова фаза на ублажување на мерките на изолација поради коронавирусот и ги отвора базените, спортските сали и фитнес клубовите.
Една недела по отворањето на баровите и рестораните, Италијаните повторно ќе може да вежбаат во јавните спортски објекти и во клубовите, но под услов да имаат резервација.
Отворањето е одложено во само две провинции, во Ломбардија која е на северот до 31. мај и во јужната покраина Базиликата до 3. јуни.
Носењето маски за време на вежбањето нема да биде задолжително, но не и од влезот на објектот до соблекувалните.
Справите за вежбање треба да бидат наместени така што ќе осигураат оддалеченост од два метри за време на физичката активност и задолжително ќе мора да се дезинфицираат по секоја употреба.
Според протоколите, управите на објектите ќе бидат должни да ги чуваат листите со лица кои ги користеле услугите најмалку две недели, колку што трае инкубацијата на коронавирусот, заради трасирање во случај ако некој во меѓувреме биде позитивен.
Во Италија, која е една од најтешко погодените земји од пандемијата на ковид-19 во рок од три месеци умреа повеќе од 32.000 лица.