Во Италија од утре почнува вакцинација против ковид-19 за сите луѓе над 12 години. Тинејџерите ќе се вакцинираат откако минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри деца од 12 до 15 години да се вакцинираат со „Фајзер/Бионтек“.
На почетокот од годината имунизацијата во Италија почна со бавно темпо поради организациски проблеми и недостаток на вакцини, но сега забрзано се одвива.
Според податоци на италијанското Министерство за здравство, дадени се над 35 милиони дози вакцини, а 12,4 милиони луѓе, речиси 23 проценти од населението, веќе се целосно вакцинирани.
Италија беше првата европска земја што се соочи со пандемијата на ковид-19 и досега се регистрирани над од 126 000 смртни случаи. Бројот на заразени лица во изминатите неколку недели е намален поради што се укинати многу ограничувања, но полицискиот час е во сила, како и ограничувањата за работата во затворени простории, а се носат маски на јавни места.