Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја опиша суспензијата на Шенгенскиот договор како неопходна поради, како што вели, влошувањето на ситуацијата на Блискиот Исток и зголемувањето на миграциските текови долж балканската рута, но пред сè поради националната безбедност
Италијанската премиерка Џорџа Мелони објави дека земјата ги враќа граничните контроли со соседна Словенија поради, како што вели во објавата на социјалната мрежа Х, зголемената закана за тероризам во Европа предизвикана од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Мелони ја опиша суспензијата на Шенгенскиот договор како неопходна поради, како што вели, влошувањето на ситуацијата на Блискиот Исток и зголемувањето на миграциските текови долж балканската рута, но пред сè поради националната безбедност.
„Јас ја преземам целосната одговорност за тоа“,
напиша Мелони на својот профил на социјалната мрежа Х.
Премиерката на Италија додава оти за одлуката е разговарано и со словенечките власти.
Con il Ministro degli Interni Matteo Piantedosi abbiamo comunicato in sede europea la decisione del Governo italiano di ripristinare i controlli alla frontiera tra Italia e Slovenia. La sospensione del Trattato di Schengen sulla libera circolazione in Europa si è resa necessaria… pic.twitter.com/62Yy6jMG2D
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) October 18, 2023
Екстремно десничарската влада на Мелони соопшти оти во североисточниот пограничен регион досега се идентификувани 16 000 луѓе кои илегално влегле во Италија преку словенечката граница – последната станица на балканската рута по која поминуваат мигрантите пред да влезат во западна Европа.
Одлуката за враќање на граничните контроли со Словенија е донесена во согласност со италијанското Министерство за внатрешни работи кое ја потврди неопходноста од зајакнување на границата на Италија.