Патниците и туристите од среда, 1 јуни, при влез во Италија, повеќе нема да треба да покажуваат негативен ковид-тест, односно доказ за прележување на болеста или вакцина.
Одредбата, која претходно беше во сила, истече во вторникот и таа нема да биде продолжена, предложи Министерството за здравје.
Владата на премиерот Марио Драги постепено ги укинуваше епидемиолошките мерки откако кон крајот на март навршија две години од воведувањето вонредна состојба во земјата.
Ковид-потврдите повеќе не се потребни ниту во рестораните ниту на туристичките настани. Луѓето и понатаму мора да носат маски во јавниот превоз, болниците и установите за нега на стари лица.
Бројот на потврдени случаи на заразени од корона во Италија, земја со скоро 60 милиони жители, во последните неколку недели опаѓа. Властите во понеделникот пријавија нешто повеќе од 7 500 нови случаи во последните 24 часа и приближно 60 смртни случаи.