Податоците на „Макаби“ ги опфаќаат сите оние кои ја примиле втората доза пред седум или повеќе дена
Истражување на израелска компанија за здравствени услуги која вакцинира половина милион луѓе со две дози вакцина на „Фајзер/Бионтех“ покажало дека имало само четири тешки случаи, но не и смртни случаи, објави „Тајмс оф Израел“.
„Тоа значи дека вакцината е ефикасна 93 отсто“,
велат од компанијата „Макаби“.
Вакцината се смета дека обезбедува целосна заштита една недела по втората доза. Податоците на „Макаби“ ги опфаќаат сите оние кои ја примиле втората доза пред седум или повеќе дена.
Досега, податоците покажуваат дека ефикасноста на вакцината во реалниот свет е близу до онаа во клиничките испитувања (95 отсто).