Одговорност треба да понесат и државите кои извезуваат половни автомобили во земјите од регионот
Регионалниот директор на Програмата на Обединетите нации за животна средина, Бруно Пози, вели дека нивните истражувања поврзани со земјите од овој регион покажуваат дека греењето на домовите е главната причина за лошиот квалитет на воздухот.
„Локалните и државните власти прво треба да обрнат внимание на загадувањето што доаѓа директно од домовите, а потоа да се справат со она што е предизвикано од сообраќајот, со ревизија на урбанистичкото планирање“,
изјави Пози за весникот „Данас“.
Тој изјави и дека одговорност треба да понесат и државите кои извезуваат половни автомобили во земјите во регионот.
„Со цел да се ослободат од стариот материјал што не е во согласност со нивоата на емисии во нивните земји, тие го испраќаат и го продаваат во земји каде што законодавството е пофлексибилно“,
рече Пози истакнувајќи дека загадувањето е меѓународно прашање.