„Извештај за потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија“ е насловен документот што го објави Хелсиншкиот комитет за човекови права
Од Комитетот велат дека резултатите од истражувањето што го содржи извештајот ќе бидат искористени за подобрување на генералната положба на ЛГБТИ+ лицата во Македонија или за подобрување во одредени области

Во истражувањето што го спроведе Хелсиншкиот комитет за човекови права речиси сите испитаници, припадници на ЛГБТИ+ заедницата сметаат дека треба правно да бидат регулирани истополовите заедници во Република Северна Македонија. Ова е само една од опфатените теми. Меѓу нив се и насилство, дискриминација, правна заштита, доверба во институциите итн.
Документот што произлегол од истражувањето е насловен „Извештај за потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија“ и во него во проценти се бележи колку од испитаниците и како одговориле на прашањата што ја засегаат оваа маргинализирана група.
„Целта на истражувањето е да бидат идентификувани потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија, пред сè во однос на основните потреби и безбедноста, домувањето и финансиите, медицинската заштита и заштитата на менталното здравје, правната заштита, социо-културниот живот, како и други потреби“,
велат од Хелсиншкиот комитет.
Во однос на прашањата поврзани со личниот избор и потребата да се биде во цивилно партнерство или брачна заедница, 70,59 отсто од испитаниците одговориле дека би биле во цивилно партнерство, а 68,63 отсто би склучиле брачна заедница доколку тие би биле дозволени во Македонија.

„Која и да било заедница, важно е од некаде да се почне, битно е да може да се наследи имот од
партнер, да се оди на посета во болница, односно партнерот/-ката да е признат како significant
other. Јас би склучила веднаш партнерство во која било форма.“„Треба да се најде начин, затоа што треба да постои рамка каде би имале слични права како
и хетеро луѓето; битно е каква и да било да имаме правна рамка (не е битно дали е брак или
цивилно партнерство).“„Апсолутно треба, можеби не брачна заедница, туку некако друг начин кој ќе им дава исти права
ова се дел од одговорите на испитаниците.
на партнерите.“
Дел од истражувањето е посветено и на трансродовите лица. Од Комитетот посочуваат дека сознанието за сопствената автономија е важен принцип што е гарантиран со членот 8 од Европската конвенција за човекови права. Европскиот суд за човекови права одлучил дека трансродовите лица имаат право на самоопределување во кое изборот на сопствениот родов идентитет е еден од основните аспекти.
„Во Република Северна Македонија, и покрај пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот X против Поранешна Југословенска Република Македонија, сè уште нема законска регулатива за правно признавање на родот. Законот за матичната евиденција беше повлечен од собраниска процедура со изговор дека е потребна негова доработка“,
стои во извештајот.
Во извештајот се заклучува дека ЛГБТИ+ лицата во Македонија сè уште не можат целосно да ги уживаат правата и слободите поради нивната сексуална ориентација и/или родовиот идентитет. Речиси сите припадници на оваа маргинализирана група немаат никаква доверба во државните институции, ниту, пак, веруваат дека институциите може да ги заштитат нивните права.
„Значителен дел од нив се соочуваат со предизвици поврзани со домувањето и финансиите, честопати потпирајќи се на членовите на семејството или на цимерите со кои го делат домот. Дискриминацијата на работното место и предизвиците во процесот на наоѓање работа на овие лица сè уште постојат, што укажува на потребата од соодветно имплементирање на мерките за превенција и заштита од дискриминација“,
стои во извештајот.
Според истражувањето, 31,25 отсто одговориле дека во текот на животот доживеале одреден облик на насилство поради тоа што се ЛГБТИ+ лица.
„Трендот на говорот на омраза во сајбер просторот врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет е сличен со тој врз основа на полот и родот, со највисоко ниво на регистрирани инциденти во 2020 и 2021 година, нотирајќи дека Парадата на гордоста сè уште е клучен настан што предизвикува хомофобичен и трансфобичен говор на омраза“,
се вели во извештајот.
Од Хелсиншкиот комитет велат дека резултатите од ова истражување ќе бидат искористени за подобрување на генералната положба на ЛГБТИ+ лицата во Македонија или за подобрување во одредени области.
Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Политичко оснажнување на ЛГБТИ луѓето“ имплементиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје во партнерство со ЛГБТИ+ Виктори Институт и Коалиција Маргини, а финансиски поддржан од УСАИД.
*Насловна фотографија: „360 степени“