Според истражувањето на Институтот за политика на еврејскиот народ со седиште во Ерусалим, 79 отсто од испитаниците рекле оти се уверени дека Израел ќе победи во војната со Хамас, а 78 отсто одговориле дека израелското општество во ситуацијата е или „донекаде“ или „многу обединието“. Сепак, како што се наведува, нивото на доверба во Нетанјаху, меѓу истите испитаници е само 32 отсто, а 68 отсто од нив рекле дека имаат ниска доверба во премиерот на Израел или дека не знаат
Јавноста во Израел има многу високо ниво на доверба во израелските одбранбени сили (ИДФ), но многу помала доверба во премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, и неговиот проширен кабинет поради војната со Хамас, покажува истражувањето на Институтот за политика на еврејскиот народ (Jewish People Policy Institute), пренесува „Гардијан“.

Според истражувањето на Институтот со седиште во Ерусалим, 79 отсто од испитаниците рекле оти се уверени дека Израел ќе победи во војната со Хамас, а 78 отсто одговориле дека израелското општество во ситуацијата е или „донекаде“ или „многу обединието“.
Сепак, како што се наведува, нивото на доверба во Нетанјаху меѓу истите испитаници е само 32 отсто, а 68 отсто од нив рекле дека рекле дека имаат ниска доверба во премиерот на Израел или дека не знаат.
Претседателот на Институтот, кој го спровел истражувањето, Једидија Стерн, изјавил дека резултатите одразуваат „криза на доверба“ во владата на единство на Нетанјаху.
„Истражувањето покажува дека израелската јавност верува во способноста на државата Израел да победи во војната. Но, постои криза на доверба и многу критики кон политичкото раководство. Мора да извлечеме поуки од ситуацијата и да ја обновиме меѓусебната доверба меѓу јавноста и владата“,
рекол тој.
Вечерва, пак, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со Министерството за одбрана на земјата и израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа, како што наведува „Гардијан“, ретка заедничка изјава со која се потврдува „блиска и целосна соработка“ меѓу нив.
„Постои целосна и взаемна доверба меѓу премиерот, министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на ИДФ. Единството околу целта е јасно“,
се вели во соопштението, во кое се додава дека соработката ќе доведе до „решителна победа над Хамас“.
Joint Statement by the Prime Minister’s Office, the Defense Ministry & IDF Spokesperson:
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) October 23, 2023
The Prime Minister, the Defense Minister and the IDF Chief-of-Staff are working in close and full cooperation, around the clock, to lead the State of Israel to a decisive victory over Hamas.
Односот на Нетанјаху со војската е на тест во последно време, пишува британскиот весник. Поранешни воени лидери и политичари изминатиот викенд изјавија дека „нефункционалната влада“ на Нетанјаху ја сноси одговорноста за нападите врз Израел од страна на Хамас.

И претходно оваа година во извештаите на медиумите се посочуваше на непријателство меѓу Нетанјаху и воените лидери на земјата. Медиумите, како што потсетува „Гардијан“, пишуваа дек тој е „во спор“ со министерот за одбрана и поранешен командант на ИДФ, Јоав Галант, сега водечки глас во владата на единство на Израел.
Израел е во војна со Хамас, откако милитантната група на 7 октомври ги нападна израелските населби на југот на земјата, убивајќи 1 400 луѓе, а стотици беа земени како заложници. Оттогаш израелската војска врши континуирани воздушни напади на Појасот Газа, во кои според денешните извештаи на Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, загинале најмалку 5 000 луѓе и илјадници други се повредени.