Осомничените, меѓу кои и поранешна директорка, раководители и други вработени во болницата, но и управители на осомничени правни лица, преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорените обврски и незаконски промени на налози за исплата, предизвикале вкупна штета на болницата од 42 726 978 денари
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп, по поднесена кривична пријава од Управата за финаnсиска полиција, поведе истражна постапка против 16 физички и седум правни лица, а уште девет лица се осомничени за дела што се гонат во скратена постапка за прекршување на прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Осомничени се за кривични дела – злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и проневера во службата.
Опфатени се и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, што Обвинителството исто така ги испитува.
Како што соопштија од Обвинителството во описот за случајот, постои основано сомнение дека осомничените, како соизвршители, учествувале во дејствија, со што свесно ги повредувале прописите на јавни набавки во прилепската болница, со намера за себе или за друг да остварат значителна имотна корист, односно да предизвикаат значителна имотна штета на установата, што е поткрепено и со наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.
„Осомничените, меѓу кои и поранешна директорка, раководители и други вработени во болницата, но и управители на осомничени правни лица, преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорените обврски и незаконски промени на налози за исплата, предизвикале вкупна штета на болницата од 42 726 978 денари“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
ОЈО Прилеп до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за шестмина осомничени, а за останатите 19 физички лица се предложени мерки за претпазливост.
По наредба на ОЈО Прилеп, Управата за финансиска полиција вчера започна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница.
Во април годинава, како што информираа од Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција изврши претрес на осум локации поради сомнежи поврзани со финансиското работење на прилепската болница.
Тогаш соопштија дека ОЈО Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомнежи за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, поврзано со финансиското работење на прилепската болница.
Инаку, минатата година новото раководство на Општата болница со проширена дејност во Прилеп изјави дека установата има наследени долгови од 193 милиони денари и блокирана сметка.
Тогаш, Финансиската полиција почна да го проверува финансиското работење на болницата.
Во април годинава, како што информираа од Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција изврши претрес на осум локации поради сомнежи поврзани со финансиското работење на прилепската болница.
Тогаш соопштија дека ОЈО Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомнежи за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, поврзано со финансиското работење на прилепската болница.