Во регионот моментално има околу 27 милиони луѓе кои страдаат од глад, а тој број до јуни би можел да се зголеми на 38 милиони, што е за 40 отсто повеќе од минатата година и е историски максимум, се наведува во заедничката изјава на 11 меѓународни хуманитарни организации
Историски гледано, западноафриканскиот регион во моментов се соочува со најголем недостиг на храна, кој е поттикнат од регионалните конфликти, сушата, но и влијанието на украинската војна врз цените и достапноста на храната, соопштија хуманитарните агенции, а пренесе Ројтерс.
Во регионот моментално има околу 27 милиони луѓе што страдаат од глад, а тој број до јуни би можел да се зголеми на 38 милиони, што е за 40 отсто повеќе од минатата година и е историски максимум, се наведува во заедничката изјава на 11 меѓународни хуманитарни организации.
Големи делови од Западна Африка, вклучително и делови од Буркина Фасо, Мали, Нигер и Нигерија, се соочуваат со исламистички бунт поради кој досега се протерани милиони луѓе. Заедно со Чад, тоа се земјите најпогодени од глад.
Поради големите поплави и суши како резултат на климатските промени, отежната е и работата на земјоделците.
Производство на житни култури во 2021/2022 година година во Нигер опадна за 39 отсто во однос на претходната година, додека пад од 15 отсто е забележан во Мали.
Негативно влијание има и зголемувањата на цената на храната на светско ниво, нарушената трговија поради руската инвазија на Украина, како и затворањата на границите поради коронавирусот.
Според Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), шест западноафрикански држави од 30 до 50 отсто од потребите за жито ги обезбедуваат преку увоз од Русија и Украина.