Според Сириската опсерваторија за човекови права, како и дел од државните медиуми, киднапирањата во Хама се случиле во четвртокот, а телата на убиените биле откриени вчера
Припадници на терористичката „Исламска држава“ киднапирале околу 40 луѓе во централната сириска провинција Хама и убиле најмалку 15, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

„Исламската држава“, која беше поразена во Сирија во 2019 година, сè уште има свои притаени членови кои убиваат во Сирија и Ирак – територии што некогаш ги сметаше за свој калифат и ги држеше под контрола.
Според Сириската опсерваторија за човекови права, како и дел од државните медиуми, киднапирањата во Хама се случиле во четвртокот, а телата на убиените биле откриени вчера.
Меѓу убиените има седум цивили и осум вооружени членови на сириски племиња, тврди организацијата.