Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека наскоро ќе се формира работна група која во консултации со сите институции ќе работи на ваков закон
Сега, вонредната и воената состојба се регулирани само со Уставот
Ова криза ги покажа сите недоречености во однос на прогласувањето на вонредна и на воена состојба и затоа е добра идејата да се донесе ваков закон, изјави денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, на прес-конференцијата во Владата.
Тој посочи дека сега прогласувањето на вонредна и воена состојба е регулирано само во Уставот и тоа со еден или два члена, и затоа е добро да се донесе закон.
Најави дека наскоро ќе се формира работна група која ќе работи на овој закон, во консултација со Уставниот суд, претседателот на државата, пратениците и Владата, која како што рече, има најмногу искуство со спроведување на вонредната состојба преку актуелната ковид-криза.
