Според податоци на организацијата, загинале 224 цивили, а 188 се повредени
Непрофитната организација „Хјуман рајтс активистс ин Иран“ (Human Rights Activists in Iran), која го следи бројот на цивилни и воени жртви, соопшти дека над 450 луѓе се убиени во изминатите четири дена во израелските напади.
Според податоци на организацијата, загинале 224 цивили, а 188 се повредени. Убиени се 109 ирански војници, а повредени се 123.
Како што соопшти организацијата, 119 жртви сè уште не се идентификувани, а исто така се повредени 335 луѓе за кои сè уште не е познато дали се војници или цивили.
Според иранската организација за човекови права, вкупниот број на загинати изнесува 452, а повредени се 646 лица.
