Инаку, нападот на иранската државна телевизија се случи за време на програма во живо, поради што водителката мораше да побегне, бидејќи сè околу неа почна да се руши
Продолжуваат меѓусебните напади меѓу Израел и Иран, додека конфликтот меѓу двете земји се продлабочува.
Иранската револуционерна гарда вечерва објави дека започнува нов бран ирански ракетни напади насочени кон окупираните палестински територии, како одговор на нападите на Израел.
Во овој бран напади, воздухопловните сили на лансираа голем број прецизни балистички ракети кон важни и стратешки цели длабоко во окупираните територии.

Најмалку четири лица загинаа во последниот бран ирански ракетни напади низ Израел, додека десетици се ранети – најмногу во Тел Авив, Ерусалим и Хаифа.
Откако денеска Израел ја нападна зградата на иранската државна телевизија, Иран издаде предупредувања за евакуација за израелските новински TВ-канали
„Иран издаде предупредување за евакуација за израелските канали Н12 и Н14. Оваа наредба доаѓа како одговор на непријателскиот напад на ционистичкиот непријател врз радиодифузната служба на Исламската Република Иран“,
соопшти иранската државна телевизија.
Инаку, нападот на иранската државна телевизија се случи за време на програма во живо, поради што водителката мораше да побегне, бидејќи сè околу неа почна да се руши.
Претходно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека иранскиот гласник за пропаганда и поттикнување е на пат да исчезне.