Членовите на Г7 повикаа на решавање на иранската криза, што би довело до деескалирање на непријателствата на Блискиот Исток, вклучително и прекин на огнот во Појасот Газа. Повикаа и на заштита на цивилите во сите области
Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје – заклучија лидерите на Г7 по самитот во Канада. Во заедничкото соопштение по самитот, лидерите на седумте економски најразвиени земји во светот ја повторија својата поддршка за безбедноста на Израел. Токму ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, кој резултираше со воен конфликт меѓу Израел и Иран минатата недела, беше во фокусот на состанокот одржан вчера во Канада.

Членовите на Г7 повикаа на решавање на иранската криза, што би довело до деескалирање на непријателствата на Блискиот Исток, вклучително и прекин на огнот во Појасот Газа. Повикаа и на заштита на цивилите во сите области.
Лидерите на седумте земји во голема мера ги обединија своите ставови за Блискиот Исток на самитот во Канада, но некои други теми како војната во Украина и „царинската војна“ на САД кон останатите држави донесоа различни ставови меѓу членовите на Г7.
Американскиот претседател Доналд Трамп си замина порано од состанокот. Во објава на својата социјална мрежа Трут соушл тој ги негираше тврдењата на францускиот претседател Емануел Макрон дека заминал за да работи на прекин на огнот меѓу Израел и Иран, додавајќи дека причината за напуштањето на Самитот е многу поголема.