„Оние што се претставуваа себеси како глобална суперсила, досега ќе се извлечеа од оваа ситуација ако можеа. Не го претставувајте вашиот пораз како договор. Вашата ера на празни ветувања заврши“, порача портпаролот на иранските вооружени сили откако Доналд Трамп рече дека Техеран сака да постигне договор за прекин на војната на Блискиот Исток
Американците во суштина преговараат сами со себе – изјави портпаролот на иранските вооружени сили откако Доналд Трамп рече дека Техеран сака да постигне договор за прекин на војната на Блискиот Исток.

Портпаролот на воениот штаб на Иран, полковникот Ебрахим Золфагари, ги даде овие забелешки во видеообраќање емитувано на државната иранска телевизија.
„Стратешката моќ за која зборувавте се претвори во стратешки неуспех“,
рече тој и додаде:
„Оние што се претставуваа себеси како глобална суперсила, досега ќе се извлечеа од оваа ситуација ако можеа. Не го претставувајте вашиот пораз како договор. Вашата ера на празни ветувања заврши.“
Обраќајќи им се на САД, портпаролот на иранската војска во оваа смисла праша дали нивните внатрешни конфликти стигнале до точката до која тие преговараат самите со себе.
„Нашиот прв и последен збор од првиот ден е ист и ќе остане ист – некој како нас никогаш нема да постигне договор со некој како вас. Ниту сега ниту некогаш“,
додаде тој.
Реакцијата на Иран уследи кратко американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД разговараат со вистинските луѓе во Иран за договор за завршување на војната.
