„Нема да дозволиме ниту еден литар нафта да стигне до САД, ционистите и нивните партнери. Секој брод или танкер што ќе плови кон нив ќе биде легитимна цел. Подгответе се цената на нафтата да достигне 200 долари за барел, бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, објави Оперативната команда на армијата Хатам ал-Анбија

По претходната политика на „одмазднички напади“, Иран ќе премине на „континуирани напади“ врз своите противници, а САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата, објави Оперативната команда на армијата Хатам ал-Анбија.
Хатам ал-Анбија е главната оперативна команда на иранските вооружени сили што ги координира воените операции на редовната армија и Револуционерната гарда. Тоа е штабот што ги планира и води најголемите воени операции на Иран во воени и кризни ситуации.
„Нема да дозволиме ниту еден литар нафта да стигне до САД, ционистите и нивните партнери. Секој брод или танкер што ќе плови кон нив ќе биде легитимна цел. Подгответе се цената на нафтата да достигне 200 долари за барел, бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“,
рече портпаролот на командата, Ебрахим Золфагари.
Војната веќе ги зголеми цените на нафтата. Во понеделникот, цените накратко се приближија до 120 долари за барел, што беше највисоко ниво за речиси четири години, а подоцна во текот на денот малку се намалија.
Техеран ефикасно го затвори Ормускиот Теснец, низ кој минува околу една петтина од светската трговија со нафта. Неколку бродови што минуваат низ Персискиот Залив и Ормускиот Теснец беа погодени од ракети, соопшти денеска Центарот за поморски трговски операции (УКМТО) на Велика Британија.
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) вчера соопшти дека американските сили уништиле неколку ирански воени бродови, вклучувајќи 16 миниполагачи во близина на Ормускиот Теснец.
