Израелскиот министер за одбрана Израел Кац минатата недела изјави дека Тангсири е убиен заедно со други високи морнарички функционери во прецизна и смртоносна операција

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Исламската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири.
Израел и САД претходно тврдеа дека Тангсири е убиен во заеднички напад на 26 март. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац минатата недела изјави дека Тангсири е убиен заедно со други високи морнарички функционери во прецизна и смртоносна операција.
Иранските медиуми утрово објавија дека Тангсири починал од сериозноста на повредите.
„Контраадмиралот на Револуционерната гарда, маченикот Алиреза Тангсири, кој по моќните напади што уништија клучни непријателски објекти и инфраструктура и соборија американски борбен авион, беше цел на агресивни непријатели додека ги организираше и зајакнуваше силите и го зајакнуваше одбранбениот штит на островите и бреговите, подлегна на сериозноста на повредите и почина“,
се вели во соопштението.
