Неговиот син Моџтаба Хамнеи е 56-годишен свештеник кој никогаш не извршувал владина функција. Тој ги преживеа воените напади врз Иран извршени од САД и Израел

Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH
Синот на поранешниот врховен лидер на Иран е именуван за негов заменик, објавија иранските државни медиуми, пренесе британската телевизија Скај њуз. Ајатолахот Али Хамнеи беше убиен во првите американско-израелски напади врз Иран пред една недела.
Неговиот син Моџтаба Хамнеи е 56-годишен свештеник кој никогаш не извршувал владина функција. Тој ги преживеа воените напади врз Иран.
Врховниот водач на Иран го има последниот збор за сите државни прашања. 88-те членови на собранието одлучуваа кој ќе ја преземе улогата по убиството на Хамнеи.
Според иранскиот систем, врховниот лидер мора да биде висок водач со политички и религиозен авторитет.
Предходно, беше формиран совет за лидерство од три лица за привремено управување со земјата во периодот непосредно по смртта на врховниот лидер.
