„Фајзер“ и „Спутник В“ се најпреферирани вакцини меѓу испитаниците во анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС). Од испитаниците 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 проценти рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 проценти се двоумат.

На прашањето која вакцина би ја примиле, од граѓаните 21,8 отсто се изјасниле за „Спутник“, 21,6 отсто за „Фајзер“, 13,8 отсто за која било вакцина, 6,2 отсто за „Астра Зенека“, 4,4 проценти за „Синофарм“ и 3,1 процент за „Модерна“. На истото прашање, 16,1 отсто од испитаниците одговориле дека не би примиле ниту една вакцина, а 12,7 проценти се уште не се решиле со која би се имунизирале.
Од испитаниците во анкетата на ИПИС, 46,1 проценти сметаат дека државава полошо се справува со корона кризата од земјите во регионот, а 32,6 отсто се изјасниле дека Северна Македонија слично се справува како другите држави.
Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на територија на цела држава.