„Врз основа на официјалниот одговор добиен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ИНРМ изработи урнек за поднесување претставка до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, кој може да го користи секој граѓанин што смета дека му е повредено правото на визуелен пристап до сопствениот струјомер“, информираат од здружението
Со цел олеснување на поднесувањето пријави од страна на граѓаните, здружението „Инженери на Македонија“ информира дека е изработен образец за пријавување прекршок во случај кога на корисниците не им е овозможен визуелен пристап до струјомерите.

„Врз основа на официјалниот одговор добиен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, здружението ‘Инженери на Македонија’ изработи урнек за поднесување претставка до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, кој може да го користи секој граѓанин што смета дека му е повредено правото на визуелен пристап до сопствениот струјомер“,
велат од здружението додавајќи дека секој засегнат може да го преземе образецот, да го пополни и достави по електронски пат или по пошта.
Додаваат дека овој инспекторат е надлежен за спроведување инспекциски надзор во случаите кога операторот на електродистрибутивниот систем (ЕВН Македонија) не овозможува пристап до мерниот уред.
„Тоа претставува повреда на член 164 став (1) точка 19 од Законот за енергетика. Истовремено, овој прекршок е санкциониран со глоба од 1 000 до 3 000 евра во денарска противвредност согласно член 286 од истиот закон“,
велат од „Инженери на Македонија“