Настанот што се случил половина час пред полноќ и пред почетокот на изборниот молк го пријавил таткото на момчето кое било нападнато
Татко на малолетник од Василево пријавил во полиција дека неговиот син бил нападнат од 18-годишно мемче, додека лепел плакати на политичка партија, синоќа околу еден час по полноќ.
Како што соопшти МВР, утринава, во 01,20 часот, М.Т.(44) од село Василево пријавил дека на 29 октомври околу 23 и 30 часот, додека неговиот син лепел плакати од политичка партија во непосредна близина на Домот на културата во с. Василево, дошол К.Ц.(18) и врз плакатите почнал да лепи плакати од друга политичка партија. Потоа К.Ц. почнал да го прска со спреј малолетникот, по што физички го нападнал и му се заканил со остар предмет.
Пријавениот бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.