Колку се реално остварливи најавите дека Македонија в година може да ги почне преговорите за членство во ЕУ, дали Србија под раководство на Вучиќ е држава што се трансформира во функционална демократија, кои се интересите на Русија во регионот и зошто зачестија пораките од Стејт департментот за „малигни руски влијанија“ на Балканот, каква политика кон регионот ќе води новата австриска влада на Себастијан Курц – ова се темите за кои разговараме со Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац, Австрија, одличен познавач на регионалните состојби. Неговата докторска теза беше на тема: Српскиот национализам од смртта на Тито до падот на Милошевиќ. Бибер ги зборува сите регионални јазици и одблиску ги следи состојбите во овие држави, вклучувајќи ја и Македонија.
– Досега единствени земји кои беа споменати во рамките на ваков пакет беа Србија и Црна Гора, но мислам дека е можно Македонија да се зачлени во клубот и да добие покана за старт на преговори. Сметам дека има две страни што се важни – една се јасните знаци на владата дека се вклучува во реформите и повторното посветување на земјата кон ЕУ-интеграциите по многуте години сомнителна посветеност. Втората страна е да се направи опиплив напредок кога станува збор за преговорите и дискусиите за прашањето за името со Грција зашто, сепак, на крајот одлуката дали Македонија може или не може да го преземе наредниот чекор е предмет на ветото или согласноста на сите земји-членки, вклучувајќи ја и Грција.
– Јас би го бранел тврдењето дека едната опција е да се справи со прашањето одеднаш, но процесот на пристапување кон ЕУ има толку многу чекори пред членството при што Грција може да се спротивстави, во кој било момент може да стави вето. Праќајќи го сигналот со кој се вели дека „сме среќни што Македонија почнува пристапни преговори“ не значи крај на можноста на Грција да стави вето во натамошниот процес. Затоа, сметам дека би било многу важно за членките на ЕУ да ја убедат Грција да и дозволи на Македонија да напредува кон наредниот чекор. Справувањето со билатералното прашање е нешто што може да се направи со тек на време кога ќе има можност за тоа.
– Секако дека беше несреќно што во изјавата на Јункер беа споменати само Србија и Црна Гора. Би сакал изјавата да велеше и „сите останати држави ако се подготвени“. Би ја разбрал изјавата ако таа значи дека овие две земји се во процес на преговори и затоа датумот е пореалистичен за оние кои веќе почнале со преговори, но верувам дека држава како Македонија би можела лесно да им се приклучи ако и се пружи шанса, имајќи предвид дека во еден период Македонија беше предводник на процесот и со политичка волја многу од преговарачките поглавја можат лесно да се поминат ако има владина посветеност. Така што, од таа гледна точка, други земји би можеле да имаат потешкотии. Косово, Босна и Херцеговина имаат потешкотии поради внатрешни проблеми во Босна и поради непризнавањето на Косово. Албанија и Македонија се држави кои лесно би можеле да се приклучат. Мислам дека целата идеја е да се создаде нова динамика на позитивен натпревар и колку повеќе земји се натпреваруваат, подобри ќе бидат резултатите. Би кажал дека изјавата на Јункер не треба да се земе како обесхрабрување. Секако дека ЕУ ќе работи на нова стратегија за да се овозможи таа временска рамка, но не мислам дека листата на држави е затворена, дека само овие две ќе влезат и ниту една друга. Тој само изјави дека овие две држави се предводниците во моментот, но не би ја разбрал како обесхрабрување и дека нема шанса за приклучување. Ја гледам вратата како отворена, а не како затворена, можеби употребениот речник не беше соодветен. Она што е клучно е дека новата стратегија развива и нови алатки како да се приклучуваат нови земји. ЕУ за првпат споменува датум во еден процес на пристапување.
– Америка, за разлика од минатото, стана многу позагрижена за руското влијание. Америка многу сериозно ги зеде во предвид ланските настани во Црна Гора, не знаеме што се случи точно, дали беше вистински државен удар, инцидент се случи, но Америка тоа го разбра како сериозна закана и секако дека тоа го забрза пристапувањето на Црна Гора кон НАТО. Но, и настаните во Македонија беа сериозно сфатени… Хојт Ји дојде во Скопје, дојде во Тирана. Мислам дека Стејт департментот, не администрацијата на Трамп во целина, на овој регион сериозно му пристапува најмногу зашто сака да се осигура дека Русија не го користи регионот за да создаде неволји кои би можеле негативно и брзо да ескалираат. Оттука, јасната цела на САД е да се осигураат дека овој регион нема да стане дел од геополитичките игри во кои Русија има ролја и таква беше и пораката.
Напишете коментар