Актуелниот министер смета дека поднесената интерпелацијата за неговата работа е неоснована и политички мотивирана, оценувајќи дека нема да даде резултат
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска преку објава на неговиот фејсбук-профил реагираше на поднесената интерпелација за неговата работа, упатувајќи критики кон неговиот претходник во Министерството, Љупчо Николовски.

„Љупчо Николовски се јави, навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене! Нејсе, да му одговорам. Политички не постоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно!“,
рече Трипуновски.
Посочи дека поднесената интерпелацијата за неговата работа е неоснована и политички мотивирана, оценувајќи дека нема да има резултат.

Во својата објава на Фејсбук, Трипуновски упатува и лични критики кон Николовски, оспорувајќи го неговиот политички легитимитет во СДСМ и неговото делување во периодот кога ја извршувал функцијата министер за земјоделство.
„Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС. Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер! Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер“,
вели тој.
Од Ссоцијалдемократскиот сојуз (СДСМ) денеска информираат дека е поднесена интерпелација за работата на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, обвинувајќи го за корупција, скандали и штетни политики во ресорот.
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција рече дека интерпелацијата е поддржана од пратеничката група и коалиционите партнери, со цел да се отвори парламентарна дебата за состојбите во земјоделството и функционирањето на Министерството.
Прва и главна причина за да поднесат интерпелаци, како што рече Николоски, е случајот кога најблиските соработници на министерот, како директорот на Платежната агенција и директорот на Инспекторатот за земјоделство беа фатени со рацете во медот, со 50 000 и 100 000 евра мито.
„Ова не се изолирани случаи, туку јасен доказ за воспоставен систем на корупција. Затоа одговорност мора да има и веднаш мора да си замине овој министер, затоа што нема ниту кредибилитет, ниту авторитет, ниту право да ја води оваа институција со притворени и уапсени негови најблиски соработници“,
рече Николовски.
Од партијата бараат политичка одговорност и сметаат дека министерот Трипуновски нема капацитет, нема легитимитет и нема право да ја води оваа институција.
