Интензивен процес на ветинг пред изборот и постојани проверки во текот на мандатот. Вака функционираат судиите во САД, систем кој во светот важи за еден од најнезависните, додека во самата земја се нарекува скапоцен камен.
Федералната судијка од Оклахома Сузан Мичел, која деновиве е во земјава во интервју за Телма вели дека судскиот систем во САД и во С.Македонија е далеку поразличен, но во основа секој судски систем мора да почива на независност и на владеење на правото.
Долг процес на ветинг
Ветингот за кој во нашата земја се повеќе се зборува последнава година, посебно во делот на судството, во САД е веќе редовна пракса, регуларен процес кој долго време се користи.
„Како федерални судии минуваме низ интензивен процес кој почнува уште пред да стане судија. Извршната власт прво номинира некого. Потоа следува нова многу подетална апликација која го анализира минатото на таа личност – каде живела, работела, имотот, почнувајќи од 18 години, потоа сите пресуди кои ги донела, на кои адвокати можеби им се спротивставила, но и описи на предмети во кои учествувала. Кога таа апликација ќе се заврши, станува јавно достапен документ и секој може да дојде до него и да го анализира. Потоа настапува конгресната комисија, односно законодавната власт и прави анализиа. Ако тие одлучат може да го повикаат канидатот на сослушување, кои се јавни, но судиите одговараат и на писмени прашања кои потоа јавно се објавуваат“,
објаснува судијката Мичел.
Но, пред да дојде до овој дел од процесот има дополнителен ветинг што го прави ФБИ – се проверува минатото, разговараат со соседите, со адвокатите од другата страна или за други предмети кои мислат дека се значајни, се собираат податоци за работите кои им се допаѓаат на луѓето за судијата и кои не им се допаѓаат.
Одобрувањето е финалниот дел од процесот на именување на судија во САД. Тој прво добива зелено светло во сенатската комисија за правосудство, а потоа и на пленарна седница на Сенатот.
Но, одобрувањето не значи дека судиите можат да се опуштат, бидејќи на секои 5 години ФБИ ги одново ги проверува, додека секоја година имаат обврска да пополнуваат документи за финаниската ситуација, кои исто така се јавни.
Низ слична постапката за адвокатите и за федералните одбинители.
Судиите во САД имаат ограничувања при јавните настапи
Судијката Мичел открива дека судиите освен што се обврзани да ги почитуваат независноста на судството, владеењето на правото, судските кодекси и заклетвите што ги положуваат, тие имаат ограничувања за тоа на какви јавно настани можат да учествуваат.
„Нам не ни е дозволено да бидеме дел од некаков ex parte дискусии, ниту пак да говориме за тековни процеси. Исто така не може да бидеме вклучени во политички активности, собирање средства, а пред да се појавиме на некој настан мора да добиеме дозвола од одделението за етничко работење“,
вели Мичел.
Јавноста има право да критикува
Суштински дел од судската независност и владеењето на правото во САД е тоа судиите да можат својата одлука да ја направат во пишана верзија и да ја потпишат. Таа потоа станува достапна до јавноста и јавноста да може да ја анализира и да ја критикува, вели Мичел, коментирајќи ги забелешките на македонските судии кои реагираат дека нивната работа била критикувана.
„На јавноста и е дозволено да критикува, да не се согласува со одлуката, но тоа нема влијание на тоа што судијата прави“, вели судијката Мичел и тука го посочува примерот на федералните судии кои се бираат според членот 3 од американскиот устав и се со доживотен мандат. Токму тој доживотен мандат, вели таа, е дополнителна заштита за овие судии да не бида заведени од политички притисок поврзан со најжешките теми, односно дека нема да биде сменет бидејќи неговата одлука не е во согласнот со некоја политика.
Транспарентноста се обезбедува преку ажурираните веб страници и силните јавни медиуми. Сето ова, го создава профилот на судиите во САД кои според Мичел уживаат голема почит во јавноста.
„Јавноста во најголем дел го разбира ригрозниот процес на ветинг низ кој минуваме, заклетвите кои ги даваме, како и процесот на жалба доколку не се согласува со одлуките. Уверена сум дека судиите кои се бираат со доживотен мандат не носат олуки врз онова на некаква политичка позиција за прашањата. Тие одлуки се резултат на нивна анализа и примена на законите и преку почитување на судските кодекси“,
вели Сузан Мичел, федерален судија од САД.
.