„Секако, тоа не е противзаконски, не е кривично дело, бидејќи тие компании постојат и функционираат, но ставот на државата е дека сме членка на НАТО, дека сме прозападно ориентирани и целиме кон евроатланtски интеграции“, вели Андоновски во неделното интервју на РСЕ
„За жал, ние сме држава без закон за кибербезбедност, додека сите држави и од регионот и од Европа донесоа такви закони пред 13 години. Ние го правиме напорот да се донесе законот сега, најверојатно до јуни месец. Тој закон ќе биде нашиот патоказ каде трeба да се движиме во киберзаштитата“, наведува тој во разговорот
Во државава не постои воедначен пристап кога станува збор за заштитата кибернапади, поради што институциите на предизвиците во моментов одговараат со ад хок решенија и поради тоа се цел на зачестени напади, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Решението се бара со носење на Закон за кибербезбедност, што министерот очекува да биде направено до јуни, годинава.
„За жал, ние сме држава без закон за кибербезбедност додека сите држави и од регионот и од Европа донесоа такви закони пред 13 години. Ние го правиме напорот да се донесе законот сега, најверојатно до јуни месец. Тој закон ќе биде нашиот патоказ каде трeба да се движиме во киберзаштитата. Сега заштитата која ја нудиме во киберпросторот е ад-хок. Ако некоја институција сама реши да се заштити, таа тоа го прави. Но, се уште немаме обврска сите институции тоа да го прават и затоа е ваквата невоедначеност која ни се случува да определени институции се многу често мета на сајбер напади“, вели министерот.
На новинарска забелешка дека државата изминатите години потроши милиони евра за заштита на институциите и како да нема епилог од тоа, Андоновски, одговарајќи на прашање посочува, како што наведува, интересен податок, а тоа е дека над 20 институции купувале руски антивируси.
„Десетици институции ненавремено ја зголемиле или надградиле својата заштита, па работеле со истечени лиценци. Голем број на институции сместуваат податоци на граѓаните на сервери кои подоцна не се грижат дали се доволно заштитени или каде им се сместени. Ова се прашања кои сите институции ад хок ги решавале. За разлика од сите други закони, во законите кои се однесуваат на кибербезбедноста, ние немавме прекршочни одредби и инспекциски надзор дали тие одредби од законите се почитуваат. Во измените кои сега ги донесовме и новиот Закон за кибербезбедност, Министерството за дигитална трансформација тоа ќе го контролира и потенцијално ќе казнува онаму каде гледаме дека институциите не постапуваат“, наведува Андоновски во интервјуто.
На прашањето кои 20 институции набавиле руски антивирус, министерот со одговор дека тоа може да се забележи од истражувањата на јавните набавки за тоа кои институции каква лиценца имаат купено и за каков антивирус станува збор.
„Секако, тоа не е противзаконски, не е кривично дело, бидејќи тие компании постојат и функционираат, но ставот на државата е дека сме членка на НАТО, дека сме прозападно ориентирани и целиме кон евроатлантски интеграции, а во исто време да купуваме руски антивируси“, вели министерот.

Во однос на кадарот, Андоновски потврдува дека постои негов сериозен недостиг и во приватниот и во јавниот сектор, а тоа е така затоа што побарувачката за вакви кадри е сè голема и платите се многу високи.
„Кај киберпрофесионалците имаме и дополнителен проблем. Кога работите на проекти за кибербезбедност многу е важно да го ангажирате јавниот сектор прво. Многу е потешко да ангажирате приватна фирма на тендер која ќе се грижи за вашата кибербезбедност, а таа фирма утре е продадена на некоја држава или институција која е противник на Македонија или не е член на НАТО или некоја таква состојба ни се случува и затоа ни е важно да ангажираме и во јавниот сектор киберпрофесионалци. Затоа со новиот закон што го подготвуваме имаме предвидено дел кој е дополнителен надоместок за луѓето кои ќе бидат киберпрофесионалци во сите институции во државата, особено со критична инфраструктура и второстепено, засилена улога на секторот за кибербезбедност во рамки на Министерството за дигитална трансформација, кој треба да добие уште поголем надоместок за нивната работа“, наведува министерот во интревјуто.
