Членовите на овој Институт со мнозинство гласови донесоа заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за основно образование, се вели во соопштението што го пренесува МИА
Институтот за педагогија смета дека нацрт-концепцијата за основно образование промовирана јавно вчера има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на воспитно-образовната и општествената реалност кај нас и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието.
Поради ова членовите на овој Институт со мнозинство гласови донесоа заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за основно образование, се вели во соопштението што го пренесува МИА.
Поради ова, Институтот смета дека треба да се запрат активностите во врска со концепцијата и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција.
„Проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и проф. д-р Лена Дамовска, кои се дел од работната група за подготвување на нацрт-концепцијата за основното образование, даваат безрезервна поддршка да продолжат реформите затоа што сметаат дека ќе се одвиваат етапно, додека проф. д-р Алма Тасевска беше воздржана“,
се наведува во дописот од Институтот за педагогија и неговата раководителка Јасмина Делчева-Диздаревиќ.
Министерството за образование и наука вчера го презентираше новиот концепт за основно образование од каде што велат дека е приспособен на македонското општество, кој оди на јавна дебата, при што ќе се слушнат сите забелешки.