Во моментов во тек е пробна работа на компресорската станица, по што Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс за поврзување со другите корисници. По ова, системот ќе биде ставен во целосна функција
Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје целосно е монтиран и инсталиран системот за компримиран воздух, информираат денеска од Министерството за здравство.

Инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема.

„Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места; разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија, согласно европската фармакопеја, изработена согласно европската директива 93/42/EEC“,
посочуваат од Министерството.
Во моментов во тек е пробна работа на компресорската станица, по што Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс за поврзување со другите корисници.
„По спроведување на овие активности, системот за компримиран воздух ќе биде ставен во целосна функција“,
додаваат од Здравство.
Централниот систем за кислород и компримиран воздух во хируршките сали во Клиничкиот центар беше надвор од функција од 18 мај минатата година поради непријатниот мирис што се ширел од него. Оттогаш хируршките клиники во Клиничкиот центар почнаа со користење на надворешни компресори во операционите сали.