Целта е да се спречи организирање евентуални новогодишни прослави
Во пресрет на новогодишните празници може да се очекуваат засилени инспекциски контроли во угостителските објекти, најавија денеска од Инспекцискиот совет, кого го сочинуваат шесте инспекторати во земјава.
Целта е да се спречи организирање евентуални новогодишни прослави.
Во меѓувреме, продолжуваат контролите во угостителските објекти за да се провери дали се почитуваат мерките против ширење на ковид-19. Изминатава недела (од 30 ноември до 6 декември), пазарните инспектори, меѓу другото, затвориле четири угостителски објекти, три во Гостивар и еден во Скопје, за работа по 21 часот и поради присуство на повеќе гости на една маса од дозволеното.
Вкупниот број на контроли во овој период е 3 129 и 490 вонредни инспекциски надзори, од кои најголем дел за почитување на протоколите за отворање и работа на угостителски објекти, при што изречени се и 30 прекршочни пријави и издадени се 44 платни налози.