Државниот инспекторат за животна средина вечерва го објави извештајот за извршен инспекциски надзор во врска со загадувањето на река Брегалница во Штип, во кој стои дека на 23 јуни се излејала хемикалијата LITEXS S 9070, за која постојат документи кои потврдуваат дека не е токсична и не е отровна за живиот свет во реката, објави агенцијата Мета.
Претходно од Министерството за животна средина најавија дека извештајот наскоро ќе биде готов и тогаш ќе се знае колкава ќе биде казната за текстилната фабрика Техникал Текстајлс од Штип.
На 23-ти јуни во вечерните часови е пријавено истекување на хемикалија-ЛИТЕКС С 9070 во ТИРЗ – индустриска зона – Штип, при што Инспектораттот утврдил дека истекувањето се случило при истовар на хемикалијата од цистерната, односно при пукање на цревото при што се излива во каналот за атмосферска вода кој оди дирекно во реката Брегалница.
Следниот ден, на 24 јуни во 9 часот направен е увид во документацијата и констатирано е дека фирмата ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ поседува решение за одобрен елаборат за животна средина од општина Штип од 2015 година, во кој е утврдено дека фирмата ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ во технолошкиот процес нема испуштање на отпадни индустриски води, емисии во воздух и нема бучава.
Исто така, фирмата поседува и решение за вршење на дејност промет на големо со хемикалии во магацински простор одобрено од Министерството за здравство од 16.08.2017 година и поседува безбедносен лист за хемикалијата LITEXS S 9070 од производителот СИНТОМЕР Германија и оти не е токсична, соопштија од Министерството за живтона средина во врска со овој случај.
