По повод две години од потпишувањето на Преспанскиот договор, денеска беше промовирана иницијативата за отворање на Центар за промоција на македонскиот јазик во просториите на старото училиште во преспанското село Љубојно.
Центарот ќе биде сместен во старото училиште „Димитар Влахов“, кое е прво училиште по македонски јазик во Преспа и второ училиште по македонски јазик во нашата држава.

На панел дискусијата која беше дел од настаните за одбележување на двегодишнината од договорот со Грција учествуваа претставници од власта, премиерот Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот задолжен за дијаспора и претседател на работната група за поддршка на преспанскиот регион Едмонд Адеми, како и градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски. Во Преспа беше и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
„Со Иницијативата која на денешниот симболичен ден се промовира токму во регионот каде ја потпишавме Конечната спогодба, во училиштето ’Димитар Влахов‘ како прво во регионот со настава на македонски јазик, ставаме темели на нешто исклучително суштинско. Подеднакво суштинско како и самиот Преспански договор – промоција на македонскиот јазик и негување на сè она што нè прави Македонци. Правото на самоопределување на македонскиот народ е неотуѓиво и тоа никој не може да ни го оспори. Македонскиот јазик е наша работа“,
нагласи министерот Димитров.
Во изјава за медиумите, пак, Заев рече дека во меѓународната политика Преспа станува синоним за успехот на дипломатијата и дијалогот, а за нас Договорот е потврда на македонскиот идентитет, па затоа, според него, е сосема природно и соодветно иницијативата за отворање на ваков центар во Љубојно.
Љубојно е во близина на граничниот премин „Маркова нога“, кој треба да биде отворен и да го поврзе овој регион со Грција.
*Поврзани вести:
Две години од Преспанскиот договор: Членство во НАТО и одлука за почеток на преговори со ЕУ
Заев за Преспанскиот договор: Вредеше!
Договорот со Грција му донесе на Заев и награда од „Фридрих Еберт“
Ципрас: Пред две години се сретнавме во Преспа и докажавме дека не се потребни победници и поразени
Спасовски: Преспанскиот договор е остварување на нашите стратегиски цели
Коѕијас до Димитров: Поминаа две години, пријателе, ние сме на вистинската страна на историјата
(ВИДЕО) Тасо од Нивици за Договорот од Преспа: Требаше да се случи многу порано
