Претходно денеска украинскиот национален мрежен оператор воведе итни прекини на електричната енергија во шест региони поради предупредувањата од воздухопловните сили на Киев за проектили лансирани од Русија
Русија ги нападна клучните инфраструктурни објекти во западна Украина во најновиот воздушен напад врз ослабнатата електрична мрежа во земјата. Гувернерот на западноукраинската област Лавов изјави дека во нападот се оштетени два објекти, во окрузите Дрохобич и Стриј.

Во соседната Ивано-франковската Област, тамошниот гувернер рече дека локалната противвоздушна одбрана ги одбива руските напади врз објектите.
Претходно денеска украинскиот национален мрежен оператор воведе итни прекини на електричната енергија во шест региони поради предупредувањата од воздухопловните сили на Киев за проектили лансирани од Русија.
Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко објави дека во сила се превентивни мерки кои го вклучуваат и дистрибутивниот систем.
Русија редовно изведува воздушни напади врз енергетската мрежа на Украина додека нејзините копнени сили напредуваат на бојното поле.