Според податоците од пописот, како агностици се декларирале 1 964 лица, а како будисти се изјасниле 894 од попишаните резиденти во земјава.
Од попишаните резиденти, 355 се изјасниле како атеисти, а во групата јеховини сведоци рекле дека припаѓаат 1 137 лица
Податоците од пописот велат оти според религиската припадност, 46,14 отсто од попишаните резиденти земјава се изјасниле како православни. Како муслимани се изјасниле 32,17 отсто од попишаното резидентно население, а 0,37 проценти од попишаните резиденти се декларирале како католици.
Во пописот од 2021 година, како посебна категорија се издвојува категоријата „христијани“ во која рекле дека припаѓаат 13,21 проценти од попишаните резиденти.
Оваа категорија не се појавува во статистиката од пописот во 2002 година.
Infogram
Според податоците од 2002 година, како православни се декларирале 64,78 отсто од попишаното население, а 33,33 проценти се изјасниле како муслимани.
Како католици, во 2002 година се изјасниле 0,35 отсто од резидентите во земјава, а 0,03 отсто се дефинирале себеси како протестанти. Според податоците од 2002 година, во категоријата ‘други’ припаднале 1,52 отсто од населението.
Како што посочуваат од Државниот завод за статистика (ДЗС), во пописот од 2021 година се појавуваат и други религиски заедници кои претходно ги немало во претходните пописи, а тоа се евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други.
Од малцинските религии кои се појавија на овој попис, но не се појавиле на претходните пописи, најмногубројна религиска заедница е заедницата на евангелско протестантски христијани во која се изјасниле дека припаѓаат 8 764 граѓани.
Од податоците на пописот, како агностици се декларирале 1 964 лица, а како будисти се изјасниле 894 од попишаните резиденти во земјава. Од попишаните резиденти, 355 се изјасниле како атеисти, а во групата на јеховини сведоци рекле дека припаѓаат 1 137 лица.