Цените на енергијата се зголемија за 34,6 отсто на годишно ниво, што е најголем пораст од септември 2005 година, а цената на храната, пак, со пораст од 10,1 отсто на годишно ниво е највисока од март 1981 година
Годишниот раст на потрошувачките цени во САД достигна 8,6 отсто во мај, што е нов четириесетгодишен максимум, односно најголем месечен раст од декември 1981 година, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.
Годишниот раст на цените во мај е поголем од април годинава кога изнесуваше 8,3 отсто. На месечна основа, цените се зголемија за еден отсто во текот на април, а растот беше 0,3 отсто во текот на март. Најголем дел од ова поскапување се припишува на многу повисоката цена на горивото.
Цените на енергијата се зголемија за 34,6 отсто на годишно ниво, што е најголем пораст од септември 2005 година, а цената на храната, пак, со пораст од 10,1 отсто на годишно ниво е највисока од март 1981 година.
Високата инфлација во САД врши голем притисок врз семејствата кои треба да платат многу повеќе за храна, бензин и кирија и ја намалува нивната способност да плаќаат за други услуги и стоки, како што се фризерите и електрониката.