Во моментов нема веродостојни проценки кога сегашниот бран на коронавирус може да го достигне врвот во оваа земја со повеќе од 1,3 милијарди жители
Втор ден по ред, Индија регистрира повеќе од 4 000 смртни случаи од ковид-19, додека бројот на новозаболени лица е нешто помалку од 400 000, четврти ден по ред.
Во меѓувреме, како што јави Ројтерс, вирусот се проширил во руралните области и се проценува дека поради недоволно тестирање, има многу повеќе зразени отколку што покажуваат официјалните податоци.
Во моментов нема веродостојни проценки кога сегашниот бран на коронавирус може да го достигне врвот во оваа земја со повеќе од 1,3 милијарди жители, додека расте загриженоста за индиската варијанта на вирусот, која се шири надвор од Индија.
Ситуацијата е особено тешка во најнаселената индиска држава Утар Прадеш, која има повеќе од 230 милиони жители, додека медиумите пренесуваат дека крематориумите се преоптоварени и дека има недостаток на дрва за креирање.
Индија денека потврди 362 727 нови случаи на ковид-19 и 4 120 смртни случаи.
Во исто време, зголемувањето на инфекцијата е придружено со бавен процес на вакцинација.
Индија е, патем, најголем производител на вакцини во светот, но остана без залихи поради големата побарувачка, а според последните податоци досега се вакцинирани околу 38,2 милиони луѓе, што е само 2,8 проценти од вкупно население од 1,35 милијарди.