Петте земји ќе бидат непостојани членки на Советот за безбедност на светската организација во следните две години
Индија, Мексико, Норвешка, Ирска и Кенија се петте држави што вчера се приклучија кон Советот за безбедност на Обединетите нации, како непостојани членки.
Наведените земји учествуваа на првиот состанок со цел да го одобрат дневниот ред предложен од Тунис, сегашен претседавач со Советот за безбедност на ООН.
Петте земји ќе бидат непостојани членки на Советот за безбедност во следните две години.
Право на вето имаат постојаните членки: САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија.
Поделбите во рамките на Советот за безбедност на ООН се интензивираа во последните неколку години за време на мандатот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Агенцијата АП наведува дека која било од петте постојани членки користела вето десет или помалку пати во периодот од 1990 до 2000 година, но тоа право било искористено 31 пат од 2010 до 2019 година, а само во текот на изминатата година пет пати било искористено правото на вето.